
Na oro
Kavadarci

Kole, Ljube i Mite
Top Drushtvo
Sliki od Nashemaalo medija copyrights 2023
Божиќ (Божик) или Рождество Христово денот на Христовото раѓање според Xристијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите Kатолички, Протестантски и повеќето Православни цркви, го прославуваат на 25 Декември. Црквите кои го користат Jулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската Православна црква, го прославуваат Божиќ на 7ми Jануари.
Slika na NashemaaloПразнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството најверојатно во апостолскиот период, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот начелото на идниот век.
Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата која што се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
Бадникова трпеза
Православните христијани на 6 Jануари го слават Бадник, кој е празник за семејството. Се верува дека на овој ден сите треба да бидат во своите домови, покрај најблиските. Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости. Традиционално се припрема бадникова трпеза која што треба да биде посна. Верувањата се дека богатата трпеза означува дека и годината ќе биде богата.
Обичаите се разликуваат во зависност од местото, така да во некои краеви од Македонија, има традиција да се меси празнична погача со паричка за Бадник или за Свети Василиј Велики. Домаќинот најпрво го крши погачата на толку парчиња, колку што има членови во семејството, оставајќи едно парче за Господ и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде паричката ќе го прати здравје, среќа и успех во годината што претстои.
Симбол на Бадник е бадниковото гранче, кое задолжително се става на бадниковата трпеза, а потоа се чува до наредната година. Старото бадниково гранче вечерта пред Бадник се гори во оган за да го чува здравјето на сите во семејството.
На Бадниковата трпеза по вечерата, храната не се трга од масата, затоа што се верува дека Господ ќе дојде преку ноќта да се нахрани.
Домаќинките приготвуваат најразлични посни јадења:
Посна сарма
Питулици
Печена тиква
Тригон баклава
Бадникови колачиња
Тавче гравче
Погача со паричка
Суво овошје (урми, смокви, кајсии, црни сливи, грозје)
Јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)
Овошје (јаболка, банани, портокали, мандарини, киви)
Леблебии, маслинки…
#БАДНИК
So Media/News #nashemaalo
Коледе 2023
Вечерта спроти Бадник, првите коледари го палат коледарскиот оган и притоа се пеат песни, се игра и се пие греана ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Бадникарскиот оган го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.
So Media/News #nashemaalo
Месец Септември е еден од најубавите месеци на годината, полн со настани, така да и нашите иселеници ни приредија домаински настап.