Nashemaalo

Friday, January 6, 2023

Бадникова трпеза 2023

Бадникова трпеза


Православните христијани на 6 Jануари го слават Бадник, кој е празник за семејството. Се верува дека на овој ден сите треба да бидат во своите домови, покрај најблиските. Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости. Традиционално се припрема бадникова трпеза која што треба да биде посна. Верувањата се дека богатата трпеза означува дека и годината ќе биде богата.


Обичаите се разликуваат во зависност од местото, така да во некои краеви од Македонија, има традиција да се меси празнична погача со паричка за Бадник или за Свети Василиј Велики. Домаќинот најпрво го крши погачата на толку парчиња, колку што има членови во семејството, оставајќи едно парче за Господ и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде паричката ќе го прати здравје, среќа и успех во годината што претстои. 


Симбол на Бадник е бадниковото гранче, кое задолжително се става на бадниковата трпеза, а потоа се чува до наредната година. Старото бадниково гранче вечерта пред Бадник се гори во оган за да го чува здравјето на сите во семејството.


На Бадниковата трпеза по вечерата, храната не се трга од масата, затоа што се верува дека Господ ќе дојде преку ноќта да се нахрани. 


Домаќинките приготвуваат најразлични посни јадења:


Посна сарма


Питулици


Печена тиква


Тригон баклава


Бадникови колачиња


Тавче гравче


Погача со паричка 


Суво овошје (урми, смокви, кајсии, црни сливи, грозје)


Јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)


Овошје (јаболка, банани, портокали, мандарини, киви)


Леблебии, маслинки…


#БАДНИК  


So Media/News #nashemaalo

No comments: