Nashemaalo

Saturday, January 7, 2023

Раѓањето Христово - Божиќ

Божиќ (Божикили Рождество Христово денот на Христовото раѓање според Xристијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите KатоличкиПротестантски и повеќето Православни цркви, го прославуваат на 25 Декември. Црквите кои го користат Jулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската Православна црква, го прославуваат Божиќ на 7ми Jануари. 

               Slika na Nashemaalo 

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството најверојатно во апостолскиот период, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот начелото на идниот век.

Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата која што се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.




No comments: