Nashemaalo

Sunday, April 16, 2023

Велигден или Воскресение Христово 2023

Велигден или Воскресение Христово  најважниот верски празник во православниот календар. 

             
Христијанските верници овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н. е. третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики петок.

Oвој празник го прocaвивне вo cтaрa цpквa вo Прилeп, Македониja. 

 

Обичаи

На велики Четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсува други јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. 


На Велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода, чај итн. На тој ден, Исус бил распнат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат. 


Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен Xристијански празник. На велика Сабота Исус веќе умрел. 


Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца. 

Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал. 

На ден Велигден: Понеделник и Вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со Христос Воскресна и се одговара со Вистина Воскресна.