Nashemaalo

Friday, April 21, 2023

ВЕЛИКИ ПЕТОК 2023

Секој ден од оваа недела која е најтешка од Велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи.

Cтотини верници денеска на Голем Петок го посетиja манастирот "Свети Архангел Михаил", вгнезден под Марковите кули во Прилеп. Верниците стигнаа да запалат свеќа, да остават велигденско јајце и да налеат од лековитата вода што извира од под манастирот. Велат, за здравје, оти денеска е денот и на лековитите води.



Во петок е големиот ден, Велики петок, кој воедно е неработен ден. Голем број посетители отидоа и нагости во најстарата Прилепска населба Варош, зашто Голем Петок за жителите е вековна традиција.

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

      бpaвo ❤🙏🏻 (ce иcкaчиja дo Гоpe)

Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.



Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. 



За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.


#ПРАЗНИК
#ВЕЛИКИ ПЕТОК
#nashemaalo 

No comments: