Nashemaalo

Sunday, September 10, 2023

Food Festival vo Sv.Nikola Totowa NJ 2023


Totowa, NJ (Septemvri 10, 2023) -- Makedoncite od New Jersey proslavija 14-t godishniot "Food Festival" sobir na Makedonska hrana, igranka i druzba pri crkvata vo Sv.Nikola, Totowa NJ. 

Bogata hrana kako i site ovie godini top, vkusna i sveza. Od skara do blagi bea podgotveni od Zenskata i Mashkata sekcija pri crkvata. Za vremeto ovaa godina se pogodi toplo no vrnezlivo. 

Makedoncite ljubitelite na dobrata hrana i druzba ja posetija crkvata, no i ljubitelite na Tenisot si gledaa vnatre, koj nadvor si posedaa, decata iskoristija sonchevo vreme popladne so topka se iznaigraa na shirinkata. Deneska (Nedela) beshe otvoreno do 20:00 - 20:30 vejke ja zatvorija ovaa prekrasna manifestacija, utre raboten den ili na shkolo, sekoja chest na organizatorite i site prisutni do v'godina so zdravje i dobro da se gledame. 

Emituvame sliki od atmosferata so Media/News na #nashemaalo 




Copyrights Nashemaalo




















Friday, September 8, 2023

Свети Фануриј 2023

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти Септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите на луѓето.

По тој повод верниците замесуваат колач од 9 состојки. Обичај е ова лепче на кое е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се носи во црква и да биде благословено и пеено од поп.

Откога лепчето е благословено се крши со раце и се раздава со добра мисла на останатите верници во црквата, во домот, на пријателите и слично.

Карактеристично е што додека се меси лепчето личноста која го меси се моли за благодет, среќа и мир во семејството, а потоа си замислува желба.

Во грчките синаксари, под 27 Aвгуст се споменува св. маченик Фануриј.

Ce пoчитува на Крит, Кипар, Лезвос, Кос и другите грчки острови, а особено на Родос, каде околу 1350 г. по Хр. била откриена неговата икона во дотогаш непозната и разрушена црква од страна на Турците-поробители на островот, кои ги поправале градските ѕидини.

Тогашниот Митрополит на Родос- Нил, ја возобновил црквата и го востановил празнувањето на откривањето на иконата на св. Фануриј.

Saint Phanourios-Fanurije

Friday, May 5, 2023

Ѓурѓовден 2023

Ѓурѓовден e празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец cе празнува на 6 мај според новиот или на 23 Aприл според стариот календар.Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија.


Житие
Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе. Кога Св. Георгиј на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник бил подложен на најсурови мачења. Најпрвин бил положен на грб, нозете му биле ставени во клада, а врз него бил турнат голем камен. Кога тоа не го поколебало, го ставиле врз тркало под кое имало штици со шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не повлијаело го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земјата само со главата над земја. Најпосле му дале да испие отров, а кога и тој не дејствувал му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на св. Георгиј особено брзото исцелување на раните и отпорноста на отровот, жената на Диоклецијан, Александра јавно изјавила дека го прифаќа христијанството поради што била осудена на смрт. Одејќи кон губилиштето таа му се помолила на Господа и веднаш му ја предала својата душа..


Свети Георгиј е погубен на 23 април според некои извори 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот Великомаченик. Освен овој празник во Македонија се празнува и 16 ноември денот кога е обновен храмот на Св. Георгиј и овој празник е познат како Ѓурѓиц.

На иконата св. Георгиј е претставен како војвода како на коњ ја убива ламјата која што се наоѓа под копитата на коњот. И во легендите се раскажува, а и во песните се пее дека светецот навистина ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Преку убиството на ламјата симболично е прикажан придонесот на светецот во борбата и победата над негативните демони. На иконата во позадина се гледа женски лик што ја претставува царицата Александра која што исто така свесно се жртвувала, исповедувајќи ја истата вера како и светецот Георгиј Победоносец.


Кај Македонците за Ѓурѓовден почнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред се, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на растителноста.

Saturday, April 29, 2023

Меѓународен ден на трудот 2023

Меѓународен ден на трудот  меѓународен празник кој се празнува на 1 Mај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Од прославата на 1 мај во Куманово во 1909 година за која се смета дека е првата прослава на празникот во Куманово. Поголемиот дел од луѓето биле членови на Кумановската револуционерна организација, а меѓу нив има шивачки работници, чевларски работници, интелектуалец, калајџија, млекар и др.

Овој празник се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.


Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. Притоа, до 2006 година, тој се празнувал 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. 


Во Македонија, празникот вообичаено не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природата. Меѓународниот ден на трудот како мотив во книжевноста.

Први мајски празник на османлискиот период во Скопје, 1909 година.

Sunday, April 23, 2023

Томина Недела

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден (лат. Dominica in albis) — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.


Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.


Житие

Апостол Тома
Тој е познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.

Во Православната црква. Источнокатоличката црква Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.

Празнување

Во Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено, на овој ден жените повторно бојадисуваат јајца и ги подаруваат за душите на своите покојни блиски, како веруваат дека така ќе ги заштитат од реинкарнација (повампирување).