Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти Септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите на луѓето.
По тој повод верниците замесуваат колач од 9 состојки. Обичај е ова лепче на кое е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се носи во црква и да биде благословено и пеено од поп.
Откога лепчето е благословено се крши со раце и се раздава со добра мисла на останатите верници во црквата, во домот, на пријателите и слично.
Карактеристично е што додека се меси лепчето личноста која го меси се моли за благодет, среќа и мир во семејството, а потоа си замислува желба.
Во грчките синаксари, под 27 Aвгуст се споменува св. маченик Фануриј.
Ce пoчитува на Крит, Кипар, Лезвос, Кос и другите грчки острови, а особено на Родос, каде околу 1350 г. по Хр. била откриена неговата икона во дотогаш непозната и разрушена црква од страна на Турците-поробители на островот, кои ги поправале градските ѕидини.
Тогашниот Митрополит на Родос- Нил, ја возобновил црквата и го востановил празнувањето на откривањето на иконата на св. Фануриј.

No comments:
Post a Comment