Nashemaalo

Thursday, March 30, 2023

Што е тоа Петолебие

Петолебие -- Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат:


"Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост, и кон рожба поттикнува". Слично зборува и свети Симеон Солунски: "На оној кој ги прима со вера (лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови".

Во древната Црква ја следеа оваа пракса на благословување на леб или масло или вода за болните пред конечно да се формира таинството на Елеосвештение, како што го знаеме денес. Во молитвословот на Серапион, епископот Тмуитски (во Египет, од IV век) постојат две молитви кои се поврзуваат со 'различни дарови', 'секоја немоќ', душевно исцеление и телесно лекување, која доаѓа после примање на водата и лебот.

Се наведуваат молитвите: "Дарувај им на твоите созданија сила за исцеление, како и секој оган (температура) и секој демон и секоја болест преку пиењето и помазувањето да се отстрани, и да стане лек за исцелување и за лекување…",  та да се испрати од небесата сила исцелителна од Единородниот врз овој елеј, за да биде за исцеление на секоја болест и прогонување на секоја немоќ на сите кои се помазуваат (или го примаат), да биде лек за прогонување на секој демон, за отстранување на секој нечист дух, за протерување на секој лукав дух, за прогонување на секоја висока температура и треска и секоја болест, за добро и за простување на гревовите, за лек на животот и спасението, за здравје и исцеление на душата, на телото, духот, за совршена сила. Нека се исплаши, Владико, секое дејство сатанско, секој демон, секоја измама на непријателот, секоја рана, секоја напаст, секоја болка, секој удар или потрес или лукаво заплашување…".

Слична е и "молитвата за благословување на леб за исцеление на болните", која доаѓа од некои мали молитвослови (требници, евхологии), каде што лебот се благословува за душевно и телесно здравје и крепост, за да биде против секоја болест и закана за секој невидлив враг.



Значи, голем благослов е овој леб од петолебието, и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас, ќе ни бидат за здравје и спасение. Амин.

Wednesday, March 22, 2023

Младенци 2023

Младенци e еден од поголемите Xристијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 Mарт претходната година. Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“. Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост.



Во Македонија најпознат е обичајот Чет'рсе од Штип кој е прогласен за значајно културно наследство во Македонија.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Wednesday, March 8, 2023

8ми Mарт Меѓународниот ден на жената 2023

На 8 Mарт 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 Март по првпат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 Март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 Март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.


Денес, 8 Март е државен празник само во Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан,Виетнам, Кина. 


Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Saturday, March 4, 2023

Теодорва сабота 2023

Bо прва Cабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, кое што кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните. Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните.


 
Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на Бога во првата недела од светиот пост, тој го повика управникот на градот и му заповеда да ги тргне обичните продукти од пазарот, а на нивно место да стави други, попрскани со крвта на идолските жртви. Така, сите што ќе купат и ќе јадат од таа храна, да бидат осквернети.

Меѓутоа, Бог кој ги попречува лукавите ви нивните завери, а за нас, Неговите слуги, секогаш има промисла, ја разруши и оваа завера на Јулијан. Кон градскиот архиереј Евдоксиј, Он го праќа великомаченикот Теодор Тирон. И тој застана пред него, не во сон, туку на јаве, и му рече: собери го Христовото стадо и заповедај им на сите ништо од она што се продава на пазар да не купуваат, бидејќи е осквернето со крвта на идолски жртви од страна на нечестивиот цар.

Архиерејот беше во недоумица и го праша што да јадат оние кои дома немаат доволно храна, доколку не докупат од пазарот?. Светителот му рече со коливо за да го дополни недостатокот. Евдоксиј не разбра што точно е тоа „коливо“ и го праша светителот, а тој му објасни: варена пченица. Патријархот тогаш го праша кој е тој, што толку се грижи за христоименитиот народ? Христовиот маченик рече: од Него сум ви испратен за помошник“.

Патријархот направи како што му беше кажано, и го зачува Христовото стадо неосквернето и неповредено од лукавството. Јулијан кога виде дека неговата измама е откриена, се посрами и заповеда на пазарот да се врати обичната храна. Христијаните, пак, во знак на благодарност кон Благодетелот и кон маченикот, во саботата со коливо извршија радосен спомен. Оттогаш, и ние верните, ова чудо го обновуваме за да не биде заборавено, и го почитуваме великиот Теодор со коливо.

Tuesday, February 28, 2023

So Nashemaalo 2023 Prochka vo Prilep, Makedonija

Prochka 2023, Prilep Makedonija 

Slikite bez logo koshtaat 100.den online  da gi emituvame na nashiot portal  200 den each za prints.   Blagodarime odnapred. Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka Sliki

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka Sliki

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka Sliki


Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka


Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka


Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka


Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka

Da narachate sliki kostaat po 100 den online bez logo a 200 prints each. Zloupotrebuvanje na slikive Nesmeete da gi zachuvate bez nasha dozvola.

Blagodarime odnapred.

Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka