Nashemaalo

Wednesday, March 8, 2023

8ми Mарт Меѓународниот ден на жената 2023

На 8 Mарт 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 Март по првпат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 Март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 Март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.


Денес, 8 Март е државен празник само во Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан,Виетнам, Кина. 


Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

No comments: