На 8 Mарт 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 Март по првпат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 Март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 Март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.
Nashemaalo
Wednesday, March 8, 2023
Saturday, March 4, 2023
Теодорва сабота 2023
Bо прва Cабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, кое што кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните. Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните.
Меѓутоа, Бог кој ги попречува лукавите ви нивните завери, а за нас, Неговите слуги, секогаш има промисла, ја разруши и оваа завера на Јулијан. Кон градскиот архиереј Евдоксиј, Он го праќа великомаченикот Теодор Тирон. И тој застана пред него, не во сон, туку на јаве, и му рече: собери го Христовото стадо и заповедај им на сите ништо од она што се продава на пазар да не купуваат, бидејќи е осквернето со крвта на идолски жртви од страна на нечестивиот цар.
Архиерејот беше во недоумица и го праша што да јадат оние кои дома немаат доволно храна, доколку не докупат од пазарот?. Светителот му рече со коливо за да го дополни недостатокот. Евдоксиј не разбра што точно е тоа „коливо“ и го праша светителот, а тој му објасни: варена пченица. Патријархот тогаш го праша кој е тој, што толку се грижи за христоименитиот народ? Христовиот маченик рече: од Него сум ви испратен за помошник“.
Патријархот направи како што му беше кажано, и го зачува Христовото стадо неосквернето и неповредено од лукавството. Јулијан кога виде дека неговата измама е откриена, се посрами и заповеда на пазарот да се врати обичната храна. Христијаните, пак, во знак на благодарност кон Благодетелот и кон маченикот, во саботата со коливо извршија радосен спомен. Оттогаш, и ние верните, ова чудо го обновуваме за да не биде заборавено, и го почитуваме великиот Теодор со коливо.
Tuesday, February 28, 2023
So Nashemaalo 2023 Prochka vo Prilep, Makedonija
Prochka 2023, Prilep Makedonija
Da narachate sliki kostaat po 100 den online bez logo a 200 prints each. Zloupotrebuvanje na slikive Nesmeete da gi zachuvate bez nasha dozvola.
Blagodarime odnapred.
Copyrights Nashemaalo 2023 Prochka
Friday, February 24, 2023
Прочка или Велики поклади 2023
Прочка или Велики поклади се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прочка го означува почетокот на велигденскиот пост. Таа е потсетник на духовниот карактер на постот. Целта на празникот е со проштавањето, со покајанието и со чиста душа да се започне велигденскиот пост.
Семејна традиција со амкање јајца
Mакедонската традиција за Прочка е богата и разновидна. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: "Прости ми“, а тој одговара: "Простено да ти е од мене и од Бога“.
Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено велигденско, на Велигден.
Wednesday, January 18, 2023
Богојавление (Водици) 2023
Богојавление (Водици) - Bо реката Јордан, Јован Крстител крштавал сeкого и го крстил Исус.
Живеел едноставно и аскетски се хранел со инсекти и мед, природни jадења, пиел млеко од Камила. Убиен е за време на Римског цар Ирод, кој наредил да му се отсечи главата.
често неговото име го носат новороденчиња, се крсти неговото име Јованово во чест на големиот пророк.
Православците го слават овој голем ден во кој се фрла Крстот во Вода, тој што ќе го фати се верува во долг живот и среќа.
Напомош денов, за многу години да е, Прости ни на Гревовите, Вечито Име.
Честита Слава, Родендени и Имендени.










































