Nashemaalo

Sunday, April 5, 2020

ЦВЕТНИЦИ

Цветници e познатo како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден 04.12.2020 и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.


Цветоносна недела неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал.

Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот Неделата се смета за поголем празник од Cаботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прoкориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: "Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: "Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: "Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.


Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.



Кога се паѓа Велигден 04.19.2020



Великден
за мнoгу години!


Monday, March 30, 2020

КОВИД-19 потврдени нови случаи

КОВИД-19 уште еден живот во Македонија, додека девет пациенти имале негативен тест и се пуштени од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

79eт жител на Дебар е седмиот пациент кој почина во Македонија.  Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 25 февруари, два дена откако имал позитивен тест.

Во последните 24 часа во земјата се потврдени 26 нови случаи, од кои 19 во Скопје, три во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка, која стана 15. град во кој е забележан коронавирус.

Вкупната бројка заразени порасна на 285, вклучувајќи петмина полицајци од станицата во Петровец и осум медицински лица од Заводот за рехабилитација во Козле.


Во Србија вкупно 785 лица заразени со коронавирус и 16 починати.

Според најновите податоци во Италија, рекордни – 969 починати, досега во целиот свет се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.

Научниците проценуваат дека бројот на починати од пандемијата на коронавирус може да достигне 1,8 милиони луѓе оваа година и покрај брзите и строги мерки, покажа вчера студијата на Bританскиот Империјал колеџ.

Руската федерална агенција за биомедицина направила препарат за лекување коронавирус на основа на лекот против маларија „мефлокин“

Швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“  полага најмногу надеж во борбата против коронавирусот во антималариум хидроксихлорокин, изјави извршниот директор Вас Нарасимхан во денешното интервју за швајцарските медиуми.

Њујорк: Бродот со 1200 лекари и друг персонал co дванаесет оперативни сали, ќе лекува пациенти на интензивна нега кои не се заболени од вирусот, за да им овозможи на болниците да се концентрираат на КОВИД-19.



Wednesday, March 18, 2020

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата.
Вонредната состојба ќе трае 30 дена.


Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

"Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна Пендаровски во вонредното обраќање."

На граѓаните уште еднаш им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието. (МИА)

Што значи Вонредна состојба: кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, најмногу 30 дена.

Во Македонија досега не е употребен овој член од Уставот за прогласување на вонредна состојба.


Во заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

На граѓаните им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Tuesday, March 17, 2020

МАКЕДОНИЈА - Дебар Карантин од вирусот Ковид 19 без услови

Од ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светотМедицинските работници први на удар од вирусот „Ковид 19" ce без услови, нови заболени од Коронавирусот во само еден ден, 4 од нив се медицински работници од Дебар кои третирале заболени од вирусот.


Тоа штo од 31 заболен во земјава дури 5 се здравствени работници покажува дека министерството за здравство и министерот Филипче немаат обезбедено соодветна опрема за заштита на оние кои се борат против вирусот.

Во светот, здравствените лица кои третираат заболени се облечени во специјални скафандери за оваа намена.
  


За разлика од таму, кај нас докторите кои ги третираат заболените и ги испитуваат можните заболени од Корона, се облечени само со мантил за една употреба, маска, ракавици и каљачи.

Ова според експертите е главна причина поради која тие се таргет на вирусот. Во своите предупредувања до европските земји, лекарите од Кина кои први се справуваа со епидемијата, порачаа дека главната грешка се прави кога недоволно се заштитува медицинскиот персонал.

На фотографиите од медицинските лица од Дебар, се гледа дека тие ни од далеку не се заштитени како нивните колеги од светот.



Пропагандната машинерија на власта пробуваше да изнуди аплаузи на тераси за министерот Венко Филипче, но очигледно е дека тој не набавил скафандери ни за оние кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.



Македонија во НАТО

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО!


Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

-Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот  инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече Димитров.

Нагласи дека завршуваме тридеценискиот процес за влез во северноатлантското семејство.

Седницата се одржа со видеолинк, а сенаторите гласаа без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави. На седницата физички присуствуваше претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина.

По ратификацијата во Парламентот во Мадрид се очекува само уште потпис од шпанскиот крал. Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.