КОВИД-19 уште еден живот во Македонија, додека девет пациенти имале негативен тест и се пуштени од Клиниката за инфективни болести во Скопје.
79eт жител на Дебар е седмиот пациент кој почина во Македонија. Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 25 февруари, два дена откако имал позитивен тест.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 26 нови случаи, од кои 19 во Скопје, три во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка, која стана 15. град во кој е забележан коронавирус.
Вкупната бројка заразени порасна на 285, вклучувајќи петмина полицајци од станицата во Петровец и осум медицински лица од Заводот за рехабилитација во Козле.
Во Србија вкупно 785 лица заразени со коронавирус и 16 починати.
Според најновите податоци во Италија, рекордни – 969 починати, досега во целиот свет се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.
Научниците проценуваат дека бројот на починати од пандемијата на коронавирус може да достигне 1,8 милиони луѓе оваа година и покрај брзите и строги мерки, покажа вчера студијата на Bританскиот Империјал колеџ.
Руската федерална агенција за биомедицина направила препарат за лекување коронавирус на основа на лекот против маларија „мефлокин“
Швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ полага најмногу надеж во борбата против коронавирусот во антималариум хидроксихлорокин, изјави извршниот директор Вас Нарасимхан во денешното интервју за швајцарските медиуми.
Њујорк: Бродот со 1200 лекари и друг персонал co дванаесет оперативни сали, ќе лекува пациенти на интензивна нега кои не се заболени од вирусот, за да им овозможи на болниците да се концентрираат на КОВИД-19.

No comments:
Post a Comment