Nashemaalo

Monday, March 30, 2020

КОВИД-19 потврдени нови случаи

КОВИД-19 уште еден живот во Македонија, додека девет пациенти имале негативен тест и се пуштени од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

79eт жител на Дебар е седмиот пациент кој почина во Македонија.  Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 25 февруари, два дена откако имал позитивен тест.

Во последните 24 часа во земјата се потврдени 26 нови случаи, од кои 19 во Скопје, три во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка, која стана 15. град во кој е забележан коронавирус.

Вкупната бројка заразени порасна на 285, вклучувајќи петмина полицајци од станицата во Петровец и осум медицински лица од Заводот за рехабилитација во Козле.


Во Србија вкупно 785 лица заразени со коронавирус и 16 починати.

Според најновите податоци во Италија, рекордни – 969 починати, досега во целиот свет се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.

Научниците проценуваат дека бројот на починати од пандемијата на коронавирус може да достигне 1,8 милиони луѓе оваа година и покрај брзите и строги мерки, покажа вчера студијата на Bританскиот Империјал колеџ.

Руската федерална агенција за биомедицина направила препарат за лекување коронавирус на основа на лекот против маларија „мефлокин“

Швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“  полага најмногу надеж во борбата против коронавирусот во антималариум хидроксихлорокин, изјави извршниот директор Вас Нарасимхан во денешното интервју за швајцарските медиуми.

Њујорк: Бродот со 1200 лекари и друг персонал co дванаесет оперативни сали, ќе лекува пациенти на интензивна нега кои не се заболени од вирусот, за да им овозможи на болниците да се концентрираат на КОВИД-19.



Wednesday, March 18, 2020

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата.
Вонредната состојба ќе трае 30 дена.


Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

"Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна Пендаровски во вонредното обраќање."

На граѓаните уште еднаш им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието. (МИА)

Што значи Вонредна состојба: кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, најмногу 30 дена.

Во Македонија досега не е употребен овој член од Уставот за прогласување на вонредна состојба.


Во заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

На граѓаните им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Tuesday, March 17, 2020

МАКЕДОНИЈА - Дебар Карантин од вирусот Ковид 19 без услови

Од ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светотМедицинските работници први на удар од вирусот „Ковид 19" ce без услови, нови заболени од Коронавирусот во само еден ден, 4 од нив се медицински работници од Дебар кои третирале заболени од вирусот.


Тоа штo од 31 заболен во земјава дури 5 се здравствени работници покажува дека министерството за здравство и министерот Филипче немаат обезбедено соодветна опрема за заштита на оние кои се борат против вирусот.

Во светот, здравствените лица кои третираат заболени се облечени во специјални скафандери за оваа намена.
  


За разлика од таму, кај нас докторите кои ги третираат заболените и ги испитуваат можните заболени од Корона, се облечени само со мантил за една употреба, маска, ракавици и каљачи.

Ова според експертите е главна причина поради која тие се таргет на вирусот. Во своите предупредувања до европските земји, лекарите од Кина кои први се справуваа со епидемијата, порачаа дека главната грешка се прави кога недоволно се заштитува медицинскиот персонал.

На фотографиите од медицинските лица од Дебар, се гледа дека тие ни од далеку не се заштитени како нивните колеги од светот.



Пропагандната машинерија на власта пробуваше да изнуди аплаузи на тераси за министерот Венко Филипче, но очигледно е дека тој не набавил скафандери ни за оние кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.



Македонија во НАТО

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО!


Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

-Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот  инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече Димитров.

Нагласи дека завршуваме тридеценискиот процес за влез во северноатлантското семејство.

Седницата се одржа со видеолинк, а сенаторите гласаа без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави. На седницата физички присуствуваше претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина.

По ратификацијата во Парламентот во Мадрид се очекува само уште потпис од шпанскиот крал. Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.


Monday, March 16, 2020

Преподобниот маченик Вадим

За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. 

Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. 

Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник.