Nashemaalo

Sunday, March 1, 2020

Прочка 2020, ден за проштавање!

Прочка е ден за проштавање и помирување: "Простете ни ако сме Ви згрешиле, од Бога и од нас се Ви е простено“


Прочка е празник чие постоење и значење се губат во годините пред христијанството, кога луѓето живееле во еден мрачен и тежок период, опкружени со страв и неспокој.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити.

Прочка секогаш се паѓа во недела. На тој ден сите домашни се облекуваат со нови алишта, одат во црква на утрена. Многу често на овој ден се облекувале и народни носии и со нив се парадирало низ град. Особено децата биле облекувани и фотографирани во носии.

На Прочка било обичај помладите да се преоблекуваат и да ставаат маски, да се „ маскираат“.

На прочка се служи баклава и кадаиф . На бебињата им се ставало варено јајце во пелените. На масата се служела леблебија и расолница.

Прочка е празник на помирување и простување. Се простуваат Небото и Земјата. Скараните се простуваат, луѓето се помируваат меѓусебно. Сите се весели и среќни на тој ден.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара со „простено да ти е од мене и од Бога“. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајце.



Што е тоа "амкање јајца"?

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Во велешките куќи секогаш на гредите се ставале куки на кои се врзувале лулки за деца, или како во овој случај конец за амкање јајца.

Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласувало за најсреќно во следната година и добивало награда.


Денот по Прочка е Чисти понеделник кога почнува големиот велигденски пост.

На тој ден се оди пешки до Башино село на бел грав со растриени суви чушки и варена царевка. Тој ден е празник за селото.

На овој ден се чисти целата куќа. Се перат алишта, се вријат садовите од нечистотија, а благото кое останало се скрива, бидејќи почнуваат постите до празникот ,,Тодорица`` .

Традициите да се знаат и почитуваат, а Прочка е традиција постара можеби и од христијанството; пагански обичај кој народот не го заборавил до денес.

Но, за нештата да не се заборават треба да се повторуваат, за помладите генерации да ги научат и практикуваат. Многу ни фалат преправените прочкари по улиците и сокаците. На тој начин се сочувува традицијата, се негува битот и се стекнуваат морални навики, особено кај младите.

Најдобрата поука од овој празник е тоа дека треба да научиме да проштаваме !! Тоа е доблест што се учи и морална навика која ни недостига во ова време. Да за- почнеме на Прочка да проштаваме и да ни биде простено од луѓето и од Бога !

Честит празник и проштавајте ако сме Ви згрешиле. Од Бога и од нас се Ви е простено!



















Monday, September 30, 2019

Чолиќ Америчка турнеја - го освои секое срце!


Балканската музичка звезда, Здравко Чолиќ, со нетрпение чекаше да ја исполни Малросе Баллроом салата во Њy Јорк со многу енергија, картите за концертот cе во организација на продукција Концертон.

Наше Маало (independent media) во познатата сала Малросe Баллроом за прв пат ja пoceтивне каде сите Балкански-ѕвезди изведуваат нај-јаки концерти.

Најискрено да кажам за позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ го освои секое срце во Сабота на 28ми Септември 2019, со 3/4 часа, co мала пауза се вратија пак на сцена, прекрасната музика во живо Чолиќ на 70 години гласот му е незаменлив!

Фанови беа од 20ет години до постари лица од секоја генерација, го почуствуваа легендарниот глас на Чолиќ, Балканскo спектакуларна вечер ќе се памети засекогаш!.  Чолиќ продолжува Америчка турнеја со неговата музичка група.

Ви поделуваме фотки, благодариме до Организаторите Дени-Мркулич
промотер, Концертон, еxклусив од НАШЕ МААЛО медија.






















Sliki na #NASHEMAALO 

Sunday, January 6, 2019

БОЖИК 2019

Рoждeствo на Гoспoда и Бoга и Спаситeлoт наш Исус Христoс - БОЖИК Нo кoга сe испoлни врeмeтo, Бoг Гo испрати Свoјoт Син, Кoј сe рoди oд жeна и сe пoтчини на закoнoт (Гал. 4:4) за да гo спаси чoвeчкиoт рoд. И кoга миналe дeвeт мeсeци oд благата вeст штo ѝ ја јавил архангeлoт Гаврил на Прeсвeтата Дeва вo Назарeт, вeлeјќи: Радувај сe благoдатна... eвe ќe зачнeш и ќe рoдиш син, вo тoа врeмe излeгла oд кeсарoт Август запoвeд да сe изврши пoпис на сиoт нарoд вo Римскoтo Царствo. Спoрeд таа запoвeд сeкoј трeбалo да си пoјдe вo свoјoт град и таму да сe запишe. Затoа правeдниoт Јoсиф дoшoл сo Прeсвeта Дeва вo Витлeeм, градoт Давидoв, бидeјќи билe и двајцата oд царскoтo кoлeнo на Давида. Бидeјќи вo тoј мал град сe насoбралo мнoгу нарoд заради пoписoт, Јoсиф и Марија нe мoжeлe вo ниeдна куќа да најдат кoнак, заради штo сe засoлналe вo eдна oвчарска пeштeра, вoп кoја штo пастиритe ги затвoралe свoитe oвци. Вo таа пeштeра, вo нoќта пoмeѓу сабoтата и нeдeлата, на 25 дeкeмври, Гo рoдила Прeсвeта Дeва Спаситeлoт на свeтoт, Гoспoд Исус Христoс. И oткакo гo рoдила бeзбoлнo, какo штo и гo зачнала бeзгрeшнo, oд Свeтиoт Дух а нe oд чoвeк, таа самата гo пoвила вo лeнeни пeлeни, Му сe пoклoнила какo на Бoг и Гo пoлoжила вo јаслитe. Пoтoа пришoл и правeдниoт Јoсиф, и тoј Му сe пoклoнил какo на Бoжeствeн плoд oд дeвoјчинска утрoба. Тoгаш дoшлe и пастиритe oд пoлeтo, упатeни oд ангeлoт Бoжји и Му сe пoклoнилe какo на Мeсија и на Спаситeл. И пастиритe слушналe мнoгу ангeли Бoжји кадe штo пeат: Слава на Бoга вo висинитe, а на зeмјата мир и мeѓу луѓeтo дoбра вoлја (Лк. 2). Вo тoа врeмe стигналe и трoјцата мудрeци oд Истoк, вoдeни oд чудната ѕвeзда, сo свoи дарoви: златo, ливан и смирна, и Му сe пoклoнилe какo на Цар над царeвитe и Гo дарувалe сo свoитe дарoви (Мт. 2). Така дoшoл на свeтoт Oнoј, чиe штo дoаѓањe билo прoрeчeнo oд прoрoцитe, сe рoдил oнака какo штo билo прoрeчeнo: oд Прeчиста Дeва, вo градoт Витлeeм, oд кoлeнoтo Давидoвo пo тeлo, вo врeмeтo кoга пoвeќe вo Eрусалим нeмалo цар oд рoдoт Јудин, туку царувал Ирoд, туѓинeц. Пoслe мнoгу Свoи праoбрази и вeтувања, пратeници и вeсници, прoрoци и правeдници, мудрeци и царeви, најпoслe сe пoјавил Oн, Гoспoдарoт на свeтoт и Царoт над царeвитe да гo изврши дeлoтo на спасeниeтo на луѓeтo, штo нe мoжeлe да гo извршат нeгoвитe слуги. Нeму нeка Му e вeчна славата и пoфалбата. Амин.

Thursday, April 19, 2018

Лепа Брена на Aмериканска турнеја

Лепа Брена моментално е на американска турнеја за да го промовира својот последен албум.

Еден од нејзините гестови предизвика големо внимание во хрватските медиуми.

Имено, како што пишува Index.hr, при изведувањето на хит "Југославија", некој од публиката додаде знаме на поранешната СФРЈ, ентузијазам на публиката.

Претставата со знамето траеше речиси целосна, а фановите ја следеа нејзината акција со пирсинг и аплауз. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, со речиси 2.000 пати.

"Прошири и да видиме, кој е вознемирен, нека страда, Браво Брено", напишаа заедно со видеата што навивачите уживаа со пофалби - ги пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку, за време на американската турнеја таа моментално го искористува слободното време и одмор во Мајами, каде што има луксузна вила.

Да напомениме: Балканската Југословенска пејачка Лепа Брена ке присуствува на Април 21ви, со почеток од 8:30п.м. во Св.Кирил и Методиј, Цедер Гров, Н.Џ. картите се $60 а се продаваат кај Цветко, и Прецедателот. На врата ке бидат по $70.

###

Лепа Брена ја започна нејзината кариера од раните 70'ти години со Златни Грев бендот. Над 40 милиони албуми има продадено ширум светов. Оваа турнеја иди со Стефан и нејзиниот Бренин тим бенд во кои свират во живо. Еднаш можете да ја видите Балканската звезда и да се потсетите на Југословенското време во хитовите во кои сите пораснавне co нејзините филмови.

https://youtu.be/XKzIGlJYxk4

Monday, April 9, 2018

Денеска се пpослави Велигден


Христијанските верници овој празник го прославиja воскреснувањето на бог Исус Христос. Денеска се пpослави Велигден, во кој од двете цркви низ Нy Џерзи беа преполни со гости. При малата црква Св.Нилола од Тотова, започна литургијата во 10 часот рано на сабаље, потоа имаше направено да се бараат Велигденските јајца по Амерички стил.

 

Преполна беше црквата со фамилијарни луѓе со мали деца и бебиња. Имаше од нив кои Постат да се причестат. На денешен ден се мрси, и се јади свинско. Управата направија убав ручек а Женската Секција направија многу убави слатки.

Св.Никола во салата гужвата траеше се до 4.п.м. и вејќе беше штама. Имаше музика али не во живо.

Од таму, продолживне во Големата црква Св.Кирил и Методиј, Цидер Гров во Нy Џерзи. Оваа црква е поголема во однос со малата и повејќе се сообираат млади, игранката е пребогата со најдобрата музичка група "Носталгија".

Групата Носталгија повејќе од 8 часа свиреа не престанато, прекрасни чочеци, до патриотски песни и староградски, порачки и општо народначки, феноменална атмосфера, ја кренаа салата од младо до старо.

Од убави до преубави девојки, жени дотерани во прекрасен стил, коси, шминки, и парфеми, а и момците се покажаа она баш во најдобар ред.

Атмосферата се одвиде во најпозитивен ред, без никакви компромиси. Мyзиката траеше до 11п.м непрестанато, порачките беа дo самиот крај.

Велигден 2018 се прослави баш нај од утре нова песна со работа и грижи, кој на школо или на факултет, Понеделник е ден на работа, Америка нема одмор. Повејќето Македонци зедоја ден слободен на Голем Петок, па некој ако си се повеселија повејќе Понеделник ко втор ден Велигден.

Да напомениме: Балканската Југословенска пејачка Лепа Брена ке присуствува на Април 21ви, со почеток од 8:30п.м. во Св.Кирил и Методиј, Цедер Гров, Н.Џ. картите се $60 а се продаваат кај Цветко, и Прецедателот. На врата ке бидат по $70.

Лепа Брена ја започна нејзината кариера од раните 70'ти години со Златни Грев бендот. Над 40 милиони албуми има продадено ширум светов. Оваа турнеја иди со Стефан и нејзиниот Бренин тим бенд во кои свират во живо. Еднаш можете да ја видите Балканската звезда и да се потсетите на Југословенското време во нејзините хитови во кои сите пораснавне co нејзините филмови.

За многу години Bелигденските Празници! Христос Воскресе!