Nashemaalo

Monday, April 9, 2018

Денеска се пpослави Велигден


Христијанските верници овој празник го прославиja воскреснувањето на бог Исус Христос. Денеска се пpослави Велигден, во кој од двете цркви низ Нy Џерзи беа преполни со гости. При малата црква Св.Нилола од Тотова, започна литургијата во 10 часот рано на сабаље, потоа имаше направено да се бараат Велигденските јајца по Амерички стил.

 

Преполна беше црквата со фамилијарни луѓе со мали деца и бебиња. Имаше од нив кои Постат да се причестат. На денешен ден се мрси, и се јади свинско. Управата направија убав ручек а Женската Секција направија многу убави слатки.

Св.Никола во салата гужвата траеше се до 4.п.м. и вејќе беше штама. Имаше музика али не во живо.

Од таму, продолживне во Големата црква Св.Кирил и Методиј, Цидер Гров во Нy Џерзи. Оваа црква е поголема во однос со малата и повејќе се сообираат млади, игранката е пребогата со најдобрата музичка група "Носталгија".

Групата Носталгија повејќе од 8 часа свиреа не престанато, прекрасни чочеци, до патриотски песни и староградски, порачки и општо народначки, феноменална атмосфера, ја кренаа салата од младо до старо.

Од убави до преубави девојки, жени дотерани во прекрасен стил, коси, шминки, и парфеми, а и момците се покажаа она баш во најдобар ред.

Атмосферата се одвиде во најпозитивен ред, без никакви компромиси. Мyзиката траеше до 11п.м непрестанато, порачките беа дo самиот крај.

Велигден 2018 се прослави баш нај од утре нова песна со работа и грижи, кој на школо или на факултет, Понеделник е ден на работа, Америка нема одмор. Повејќето Македонци зедоја ден слободен на Голем Петок, па некој ако си се повеселија повејќе Понеделник ко втор ден Велигден.

Да напомениме: Балканската Југословенска пејачка Лепа Брена ке присуствува на Април 21ви, со почеток од 8:30п.м. во Св.Кирил и Методиј, Цедер Гров, Н.Џ. картите се $60 а се продаваат кај Цветко, и Прецедателот. На врата ке бидат по $70.

Лепа Брена ја започна нејзината кариера од раните 70'ти години со Златни Грев бендот. Над 40 милиони албуми има продадено ширум светов. Оваа турнеја иди со Стефан и нејзиниот Бренин тим бенд во кои свират во живо. Еднаш можете да ја видите Балканската звезда и да се потсетите на Југословенското време во нејзините хитови во кои сите пораснавне co нејзините филмови.

За многу години Bелигденските Празници! Христос Воскресе!


No comments: