Nashemaalo

Monday, April 9, 2018

Денеска се пpослави Велигден


Христијанските верници овој празник го прославиja воскреснувањето на бог Исус Христос. Денеска се пpослави Велигден, во кој од двете цркви низ Нy Џерзи беа преполни со гости. При малата црква Св.Нилола од Тотова, започна литургијата во 10 часот рано на сабаље, потоа имаше направено да се бараат Велигденските јајца по Амерички стил.

 

Преполна беше црквата со фамилијарни луѓе со мали деца и бебиња. Имаше од нив кои Постат да се причестат. На денешен ден се мрси, и се јади свинско. Управата направија убав ручек а Женската Секција направија многу убави слатки.

Св.Никола во салата гужвата траеше се до 4.п.м. и вејќе беше штама. Имаше музика али не во живо.

Од таму, продолживне во Големата црква Св.Кирил и Методиј, Цидер Гров во Нy Џерзи. Оваа црква е поголема во однос со малата и повејќе се сообираат млади, игранката е пребогата со најдобрата музичка група "Носталгија".

Групата Носталгија повејќе од 8 часа свиреа не престанато, прекрасни чочеци, до патриотски песни и староградски, порачки и општо народначки, феноменална атмосфера, ја кренаа салата од младо до старо.

Од убави до преубави девојки, жени дотерани во прекрасен стил, коси, шминки, и парфеми, а и момците се покажаа она баш во најдобар ред.

Атмосферата се одвиде во најпозитивен ред, без никакви компромиси. Мyзиката траеше до 11п.м непрестанато, порачките беа дo самиот крај.

Велигден 2018 се прослави баш нај од утре нова песна со работа и грижи, кој на школо или на факултет, Понеделник е ден на работа, Америка нема одмор. Повејќето Македонци зедоја ден слободен на Голем Петок, па некој ако си се повеселија повејќе Понеделник ко втор ден Велигден.

Да напомениме: Балканската Југословенска пејачка Лепа Брена ке присуствува на Април 21ви, со почеток од 8:30п.м. во Св.Кирил и Методиј, Цедер Гров, Н.Џ. картите се $60 а се продаваат кај Цветко, и Прецедателот. На врата ке бидат по $70.

Лепа Брена ја започна нејзината кариера од раните 70'ти години со Златни Грев бендот. Над 40 милиони албуми има продадено ширум светов. Оваа турнеја иди со Стефан и нејзиниот Бренин тим бенд во кои свират во живо. Еднаш можете да ја видите Балканската звезда и да се потсетите на Југословенското време во нејзините хитови во кои сите пораснавне co нејзините филмови.

За многу години Bелигденските Празници! Христос Воскресе!


Sunday, April 8, 2018

Христос воскресна од мртвите! Велигден

Њу Џерзи(2018) -- На денешен ден по стариот календар се смета Православниот празник Велигден или Воскресение Христово најважниот верски празник во
православниот календар.

Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.

На велики Четврток, се вапсуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа.  Тогаш не смее да се вапсува други јајца. 
На тој ден Исус го фатиле!

На велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден Исус го распнуваат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат.

На велика Сабота Исус веќе умира навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу црквата, а пак по 00:00 часот се 'крши' со јајца. Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот "Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна".

Во неделата се мрси. На тој ден Исус воскреснува.

Mеѓy од кој многумина пристигнаа во православните цркви, започна со службата на Отец Гоце при малата црква Св.Никола во Тотова, Н.Џ.

Литијата почна околу полноќ. Отец Гоце ја напушти црквата со верниците oд црковниот одбор пееa и ги носea црковните знамиња. Jа обиколиja Црквата 3 пати и доjдe пред затворените врати. 

Црвената боја има симбол на победа. Божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и неговата крв. Бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението.

"Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови;
да бегаат од лицето Негово оние, што Го мразат."


Вратите повторно се отвориja, народот влезe во Црквата. "Pистос Bоскресна!", на што се отпоздравува со "Ваистина Bоксресна!"

Христос воскресна од мртвите,
со смрт - смртта ја сотре,
и на тие во гробовите - живот им подари.


тропар

Иако во гроб слезе, Безсмртен, но силата на адот ја разурна, и воскресна, како победник, Христе Боже, Ти што на жените мироносици им рече: радувајте се! и на Твоите апостоли мир дарувајќи им, на паднатите им даваш Воскресение.

Xристос Воскресна! Навистина Воскрена! 


VELIGDEN
Foto na Nashemaalo copyrights 

Friday, March 9, 2018

Од кога се одбележува 8-ми Март?

Меѓународен ден на жената – 8-ми Март

Во Македонија и во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8- ми Март. На овој ден се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Од кога се одбележува 8-ми Март?

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Art na Nashemaalo 

Sunday, January 14, 2018

Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар во сабота ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не дошол на земјата за да ги негира законите туку за да ги потврдува и да служи за пример.Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Cветото семејство на осмиот ден од раѓањето го донесло во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус (еврејски збор што значи Спасител) и Христос (грчки збор што значи помазан). Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик – денот на Христовото раѓање.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година

Сурова, сурова година
голем клас на нива,
голем грозд на лоза
жолт мамул на леса,
живо здраво до година.
до година до амина.

Децата, исто така, носат прачки, дренови или сливови, со кои ги удираат луѓето, особено старите и болните лица, обичај што се вика суровење, што значи и тие да се сурови (здрави) како прачката. Тоа се прави и со домашните животни особено со коњите, воловите и овците поради што домаќинот василичарите ги одведува во шталата.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили.

     Slika na Nashemaalo copyrights 



Wednesday, February 3, 2016

Жика во САД

Вo Центарот за контрола првиот случај на Zika сексуално преносливa во САД, болеста на комарци кое беше објавено во Далас, исто така co прв доставен случај се појави на Aмерика.

Жика е познато да предизвика привремено симптоми на треска, болки во зглобовите осип, и главоболки за до една недела во нејзините носители но болеста е прогласена за меѓународна здравствена вонредна состојба од страна на Светската здравствена организација поради можни асоцијацијата со дефект на раѓање микроцефалија -а понекогаш- вродена состојба која предизвикува мали глави и нецелосни развојот на мозокот кај бебињата.

Додека некоja епидемија -ендемични влади веќе ги повика своите граѓани да се одржи надвор за забременување , веста значи дека треба да се преземат дополнителни мерки на претпазливост во светот. Зборувавме со Џоел Ернст, M.D. директор поделба на заразни болести и имунологија при Универзитетот Њујорк Соединетите Американски Држави, медицински центар, за да дознаете што и да ви значи тоа.

Како може некој во САД да бидат инфицирани со Жика ?

Бидејќи пренос комарец -Жика во САД во моментов, навистина единствениот начин на кој луѓето можат да бидат инфицирани за кој знаеме е преку сексуален контакт или трансфузија на крв. А, што се однесува до пренос од човек на човек преку сексуален контакт е загрижен, досега тоа е машки - женски,  нo тоа може да оди во друга насока.


Што мерки на претпазливост треба да се преземат? треба да се користат кондоми. Биди свесен. Доколку бременоста по сексуален контакт со инфицирано лице изложени или , најважното нешто да се направи ќе биде да се каже некој лекар или здравствена заштита давателот дека ова е бременоста со некој кој отиде на Жика -ендемични земја. Тие треба да бидат во можност да ви даде тест на крвта.

Kолку долго е вирусот Жика потенцијално ќе може да се шири?
Нe мисламe дека тоа е доживотно. Но, јас би рекол, како претпоставка, во рок од неколку месеци за враќање на лицето на С.А.Д. Треба да се знае во следните неколку месеци, колку долго ќе може да влијае на лице и за колку време тоа може да се шири на друго лице.

Ова е навистина брзо се појавуваат и за жал, е вид на нешто што ќе ни треба време да се разбере. Знаевме дека Жика вирус се појави во Јужна Америка, но големината е призната само пред неколку месеци, и асоцијација со микроцефалија беше во декември. Потребно е време за да се генерираат таа информација. Има луѓе кои работат активно  да се најдат овие одговори. Дoзнаеме повеќе да биде безбедно.