Nashemaalo

Monday, September 11, 2023

Отсекување на главата на Св. Јован

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 Xристијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.

Овој празник е познат под различни имиња како:Св.Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св.Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.


Велешко
Во регионот на Велес овој празник се нарекува „Црн свети Јован“ и на него, како и низ сите денови од седмицата не се крое и шие никаква облека, бидејќи се сметало дека кој ќе ги облече ќе биде погоден од несреќи (ќе се намери).


Гевгелиско
Овој празник е познат како Св. Јуван Посни и го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден, свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото, домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.


#svetijovan
🙏🏻