Цветници (Цветоносна недела или Врбица) e Xристијански подвижен празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнување секогаш е една недела пред Велигден.
Наpoдни Oбичаи:
Во Македонија овој празник се празнува различно. На овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во рацете, одат на прошетка во селските ливади. Берат цвеќиња. Прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред домашната икона.
По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:
Ајде Цвето на цвеќе,
Лазаре Цвеќе да си береме, Лазаре, Китки да си китиме, Лазаре,
Кому китка по китка, Лазаре,

No comments:
Post a Comment