Во подмножјето на планината Галичица на источниот дел од Охридската Котлина, се наога Велгошти.
Селото Велгошти во 1903 год. било целосно изгорено од Турскиот аскер. По Илинденското востание е обновено, куќите се градени со камен, плит и кал, без тавани, приземни, ретко на кат, без патос.
Дворовите биле заградени со ѕидови од камен или плике. Крупната стока живеела во плевни (штали) изградени во дворот или во приземјето на куќите (кој дел се викал пондила или керал).
Во1911 год. имало посилен земјотрес и тогаш селото било оштетено. Бурните настани на Балканските војни и Првата светска војна повторно го фрлила населено село во големи беди и искусенија.
Денеска скоро никој не живее во стара куќа. Ако некоја е сочувана таа служи за помошни простории за потребите на добитокот. Градбата на куќите е современа ,а по земјотресот во Скопје и асеизмичка.
Денес Велгошти е современа населба со асвалтирани улици, современо основно училисте, со дигитална телефонска централа, кабeлска телевизија интернет и изградена канализациона мрежа.
Од центарот на Охрид до центарот на Велгошти има 2,5 км. Всушност денеска Велгошти е споено со Охрид преку улицата “Илинденска” Како граница со Охрид е мостот на реката суводолица Сушица.
Да одкријаме во Велгошти се прави најубавото меракимскo Ѓомлезе. Треба да се посети ова природно Планинарско најчисто место во Македонијa





No comments:
Post a Comment