Македонија во изборот за песна на Евровизија прв пат како самостојна држава учествуваше во 1998-та година. Таа година наш претставник беше Владо Јаневски со песната “Не зори,зоро” кој освои 19-то место.
Во 2000 година настапи женската група XXL со песната “100% те љубам” со која освоија 15-то место.
2002 година настапи Каролина Гочева и освои 19-то место со песната “Од нас зависи”.
2004 година наш претставник беше легендарниот Тоше Проевски со песната “Life” со која освои 14-то место.
2005 година настапи Мартин Вучич со песната “Make My Day”, го освои 17-то место.
2006 година настапи Елена Ристеска со песната “Нинанајна” со која не донесе до 12-то место, до сега најдобриот пласман на нашата држава во изборот за песна на Евровизија.
2007 година Каролина Гочева повторно ја претставуваше нашата држава. Настапи со песната “Мојот свет” и го освои 14-то место.
2008 година не претставија Тамара, Врчак и Адриан со песната “Let Me Love You” , но не се пласираа во финале.
2009 година учествувaше рок дуото – браќата Мартин и Стефан Филиповски од групата Next Time со песната “Нешто што ќе остане” кои исто така не се пласираа во финале.
2010 година настапија Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Пејчин со песната “Јас ја имам силата” – не се пласираа во финале.
2011 година настапи Влатко Илиевски со песната “Русинка” кој исто така не се пласираше во финале.
2012 година Калиопи настапи на Евровизија и го освои 13-то место со песната “Црно и бело”.
2013 година Есма и Лозано настапија заедно. Ја претставуваа нашата држава со песната “Пред да се раздени” но, не успејаа да обезбедат пласман во финале
2014 година настапи Тијана со песната “To the Sky” која исто така не се пласираше во финале како и Даниел Кајмаковски во 2015 година кој ја отпеа “Autumn Leaves”, но и Калиопи која повторно настапуваше на Eвровизија во 2016 година со песната “Dona”.
2018 Евровизија во Украина не претстави Јана Бурческа со песната “Dance Alone” .
2020 Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија. За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен избор.
Васил, огласи на социјалните мрежи:
"Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест!
Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал – Евросонг во Ротердам.
Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.
Oсобено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!
Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ!
Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам“-напиша тој."





1 comment:
🇲🇰❤🇲🇰
Post a Comment