Nashemaalo

Monday, March 30, 2020

КОВИД-19 потврдени нови случаи

КОВИД-19 уште еден живот во Македонија, додека девет пациенти имале негативен тест и се пуштени од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

79eт жител на Дебар е седмиот пациент кој почина во Македонија.  Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 25 февруари, два дена откако имал позитивен тест.

Во последните 24 часа во земјата се потврдени 26 нови случаи, од кои 19 во Скопје, три во Куманово и по еден во Прилеп, Тетово и Крива Паланка, која стана 15. град во кој е забележан коронавирус.

Вкупната бројка заразени порасна на 285, вклучувајќи петмина полицајци од станицата во Петровец и осум медицински лица од Заводот за рехабилитација во Козле.


Во Србија вкупно 785 лица заразени со коронавирус и 16 починати.

Според најновите податоци во Италија, рекордни – 969 починати, досега во целиот свет се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.

Научниците проценуваат дека бројот на починати од пандемијата на коронавирус може да достигне 1,8 милиони луѓе оваа година и покрај брзите и строги мерки, покажа вчера студијата на Bританскиот Империјал колеџ.

Руската федерална агенција за биомедицина направила препарат за лекување коронавирус на основа на лекот против маларија „мефлокин“

Швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“  полага најмногу надеж во борбата против коронавирусот во антималариум хидроксихлорокин, изјави извршниот директор Вас Нарасимхан во денешното интервју за швајцарските медиуми.

Њујорк: Бродот со 1200 лекари и друг персонал co дванаесет оперативни сали, ќе лекува пациенти на интензивна нега кои не се заболени од вирусот, за да им овозможи на болниците да се концентрираат на КОВИД-19.



Wednesday, March 18, 2020

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата.
Вонредната состојба ќе трае 30 дена.


Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

"Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна Пендаровски во вонредното обраќање."

На граѓаните уште еднаш им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието. (МИА)

Што значи Вонредна состојба: кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, најмногу 30 дена.

Во Македонија досега не е употребен овој член од Уставот за прогласување на вонредна состојба.


Во заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

На граѓаните им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

Tuesday, March 17, 2020

МАКЕДОНИЈА - Дебар Карантин од вирусот Ковид 19 без услови

Од ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светотМедицинските работници први на удар од вирусот „Ковид 19" ce без услови, нови заболени од Коронавирусот во само еден ден, 4 од нив се медицински работници од Дебар кои третирале заболени од вирусот.


Тоа штo од 31 заболен во земјава дури 5 се здравствени работници покажува дека министерството за здравство и министерот Филипче немаат обезбедено соодветна опрема за заштита на оние кои се борат против вирусот.

Во светот, здравствените лица кои третираат заболени се облечени во специјални скафандери за оваа намена.
  


За разлика од таму, кај нас докторите кои ги третираат заболените и ги испитуваат можните заболени од Корона, се облечени само со мантил за една употреба, маска, ракавици и каљачи.

Ова според експертите е главна причина поради која тие се таргет на вирусот. Во своите предупредувања до европските земји, лекарите од Кина кои први се справуваа со епидемијата, порачаа дека главната грешка се прави кога недоволно се заштитува медицинскиот персонал.

На фотографиите од медицинските лица од Дебар, се гледа дека тие ни од далеку не се заштитени како нивните колеги од светот.



Пропагандната машинерија на власта пробуваше да изнуди аплаузи на тераси за министерот Венко Филипче, но очигледно е дека тој не набавил скафандери ни за оние кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.



Македонија во НАТО

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО!


Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

-Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот  инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече Димитров.

Нагласи дека завршуваме тридеценискиот процес за влез во северноатлантското семејство.

Седницата се одржа со видеолинк, а сенаторите гласаа без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави. На седницата физички присуствуваше претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина.

По ратификацијата во Парламентот во Мадрид се очекува само уште потпис од шпанскиот крал. Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.


Monday, March 16, 2020

Преподобниот маченик Вадим

За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. 

Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. 

Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. 



Saturday, March 14, 2020

RANI ZNACI OD STROKE TREBA DA GI RASPOZNAVATE


RANI ZNACI OD STROKE TREBA DA GI RASPOZNAVATE:


Mnogumina mislat stroke se pojavuva koga si postar, nazalost nee taka aktivno e od 10 potoa posle 55 godini e rizikot, Stroke moze da se desi i kaj bebinja, deca dokazan od Americhkiot Stroke Association (CDC).

Dokaz od 1995 do 2008, brojot na hospitalizirani se pokazal kaj pacientite od 15-44 godini od (rate for patients) 37%.

Predupreduvsnje da Zapoznavate STROKE
(Warning signs of stroke)

Vrtoglavica, Vi se loshi, i Glavobolki.
(A sudden onset of dizziness or severe headache).

Johns Hopkins University School of Medicine, dokazal deka ovie se Znacite kako da raspoznavate stroke posebno Zenskiot pol.

Nekolku povejke znaci koga Samiot Stroke navleguva dlaboko: poteshko e koga covekot gubi Svest i treperi so Jazikot, Zaborava Se gubi, Ochna vizija, Onemoshtenost, i Senzitiviti.

Da raspoznaete bolka so vratot se natamoshni promeni za brzo dobivanje na stroke. 

Ako mislite gi imate ovie simptomi, javete se 911 / vo Ambulanta
(Bottom line: If you're worried, dial 911).

Majka mi lesna i zemja pochina od stroke, doktorot ne i izmeril pritisok i stavil inekcii i ja pustil da si odi, po pat dobiva stroke. Ovie simptomi gi imase so godini. No nikoj ne i obrna vnimanie od Makedonskite Medicinski lica!. Kolku lica imaat (miss-dijagnoza vo Makedonija ili ex Yugoslavija).

Ushte vo vremeto na Yugoslavija zakonot bese proglasen od Tito da se cenat doktorite i sestrite so mito i korupcija. Do den deneska chekaat na toa. 

Koj ke bide nov politichar da go smeni mitoto i korupcijata kaj Medicinskite lica. 


                  In memory of my Mother


Thursday, March 12, 2020

Македонски народни носии

Нашево поднебје е исклучително богато со Mакедонски народни носии од различни етнографски целини. Грижата зa зачувување и презентација сo најголем интерес покажуваат ансамблите, културно-уметничките друштва и фолклорните групи.


Mакедонски народни носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век се најубавите носии од сите македонски целини и од нив се согледува социјалниот статус на девојките, но и невестите и младоженците, млади жени и ергени.

Долни Полог, некои села под Сува Гора, Средорек, Жеглигово и Славиште, потоа Скопска Црна Гора и Скопска Блатија на соодветното подрачје карактеристечен е големиот број горни облеки и секоја од нив означува различен социјален статус: саја, ќурдија, горник, клашеник, горник, салтевере и шубаре.

Жените носат два типа скутини, и тоа мало скутинче над кое лабаво се опашува завјачка, носени во секој период од животот, како и невестинска скутина со мали димензии карактеристична за периодот на свадбата. Главата се покрива со фес и вотус.


Под Сува Гора има пет села кои како целина се издвојуваат од останатите во околината, не само по традицијата и обичаите, туку и по народната носија. Оваа носија е карактеристична само за селата Радиовце, Милетино, Теново, Челопек и Блаце. Како прв облековен елемент се сретнува кошулата, што е изработена од бело памучно или конопно платно, и таа е богато орнаментирана со везови, посебно на долниот околен дел и на ракавите, а најпознати везови се цареј глаи, ж’лтичиња и крстови. Според тамошната традиција, под кошулата се облекува и мало кошулче направено од памучно платно. Над кошулата се облекува елек изработен од џезија, без ракави и долг до колената. 

Во селата Средорек, Жеглигово и Славиште прв облековен елемент во женската носија е долгата кошула со вез во долниот околен дел, на ракавите и на градниот дел. Како горен облековен елемент се појавува платнената безракавна саја, и затоа населението често жените ги нарекувало белосајки.

Во богатата колекција женската и машката народна носија од Скопска Црна Гора, етнички предел што опфаќа 11 села расположени на истоимената планина. Прв облековен елемент од женската носија е кошулата која изобилува со впечатлив црн вез, а на невестинската кошула често има и крстови. Скутината во Скопска Црна Гора е позната под терминот утајка, а особено е впечатлива невестинската срмана утајка. Од горните облековни елементи се појавува збанот карактеристичен за статусот на девојка, како и долама што го означува статусот на невеста. Карактеристично е носењето шикови, природни пердуви од птици обоени со црвено, и тоа го означувало статусот на вереници. Машката носија од етничкиот предел Скопска Црна Гора има сличности со машката носија од соседниот етнички предел Скопска Блатија.


Скопска Блатија ги опфаќа селата во околината на градот Скопје. Женската носија се карактеризира со кошула која кон крајот на 19 и почетокот на 20 век изобилува со богата орнаментика. Според везот, познати се повеќе видови кошули, и тоа: јурмена, саани, кондири, ѓерѓевлија, како и невестинската гуевалница кошула уште позната под термините црнетица или црногорка. Како постар тип горна облека се јавува платнената девојачка или невестинска саја.

Прв облековен елемент во машката носија во Скопска Блатија е кошулата позната под терминот ајта, која има карактеристично проширување од страните, а како горна облека се појавува и елекот. Елекот е горна безракавна облека долга до половината. Се изработува од волнен материјал. Во делот на градите елекот е богато украсен. Но, како горна облека за празнични пригоди се носи и џубето. Џубето е без ракави, долго до колената, до струкот е припиено за телото, а надолу проширено. Џубето е украсено по рабовите со црни гајтани. На главата мажите носеле црно плитко капче, а на нозете носеле чорапи во богата орнаментика и опинци.


Дебарско-реканската етнографска целина зафаќа неколку етнички предели, односно пределот Мијаци Река, кој ги опфаќа селата околу реките Радика и Мала Река. Населението во овие села се идентификува со етнонимот Мијаци. Во женската носија како прв облековен елемент се појавува минтанот како допојасна долна облека со долги ракави. Следен облековен елемент е кошулата, со специфичен вез чикме во долниот околен дел и впечатлив ракавен вез со специфична локална терминологија кинатица. Од повеќето типови кошули најпозната според везот е венчалната невестинска кошула позната и како тнока кошула. Од горните облеки кои се носат над кошулата се јавува елекот.

                  Galichnik 2015 - foto Nashemaalo

И во составот на машката носија влегува кошулата. Над неа се облекува минтан, кој е долг до појасот со долги ракави изработен од клашна или свита, односно чоја. Карактеристичен дел од машката носија се бечвите, изработени од бела клашна. Бечвите се украсени со црни гајтански апликации.


Половината се опашувала со појас еднобоен или со шарки во каро-комбинација, а на горната празнична облека се ставала долама. Над доламата се носи кепе, горна допојасна облека изработена од клашна. Главата се покривала со карактеристична плитка округла капа.


  "Во колекцијата со народни носии на ансамблот „Македонија“ – Скопје се чуваат женски носии од Дебарско Поле, од Порече, кое се наоѓа во средниот тек на реката Треска, потоа од струшки Дримкол, каде што женската носија изобилува со богата везбена орнаментика на ракавите. За избраната, но не и селектирана фотоархива од 20-те колекции македонски народни носии интересени се носиите."


Oд етничкиот предел Бојмија, кој ги опфаќа селата во околината на градот Гевгелија. Прв облековен елемент во женската носија е кошулата. Над кошулата се облекува антерија. Антеријата е изработена од волнена ткаенина алаџа, со долги ракави, во горниот дел тесна, а од половината ѕвонесто проширена. Половината се опашува со појас. Над антеријата се облекува елече, допојасна облека без ракави. Скутините може да бидат во два вида, и тоа: дипла изработена од една дипла и дводиплена скутина позната како ирам. Една од највпечатливите скутини е крстаклијата дипла. На половината се ставаат ризи, везени марами, како и пафти со забележлива локална терминологија – пулои. Покривањето на главата е впечатливо во периодот на невестинството, прво се поставува фес, а над него тепелак, кој се кити со цвеќиња и пердуви.



Ревијата на народни носии на фестивалот "Илинденски денови“ понуди прекрасни народни носии од јужномакедонската како и шопско-брегалничката етнографска целина. Колекциите се вистинско богатство за Македонија, но тpебa повеќе да ce приредyва вaквa ревија на Mакедонски народни носии.

            Galichkata Svadba 2014 Nashemaalo


Sunday, March 8, 2020

8ми Март e Меѓународниот ден на жената!

8ми март празникот се појавил во време на индустриски и радикални кризи.

Меѓународниот ден на жената се покажало дека во себе носи корени на протест и политички активизам кои понатаму постануваат неизбежни облици на друштвениот живот.

Годините кои претходеле на 1910та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји.

Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари.

Истовремено, индустријата ја погодила голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во незавидна позиција додека синдикатите станувале се посилни.

Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени.

Во 1977 година, Генералното Собрание на ОНусвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир.

Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.


Изреки за денот на жената:
“Жените се вистинскo арт на општеството”




Thursday, March 5, 2020

Македонија на Евровизија

Да се потсетиме на досегашните претставници на Македонија за избор на песна на Евровизија

Македонија во изборот за песна на Евровизија прв пат како самостојна држава учествуваше во 1998-та година. Таа година наш претставник беше Владо Јаневски со песната “Не зори,зоро” кој освои 19-то место.

Во 2000 година настапи женската група XXL со песната “100% те љубам” со која освоија 15-то место.

2002 година настапи Каролина Гочева и освои 19-то место со песната “Од нас зависи”.


2004 година наш претставник беше легендарниот Тоше Проевски со песната “Life” со која освои 14-то место.


 2005 година настапи Мартин Вучич со песната “Make My Day”, го освои 17-то место.

2006 година настапи Елена Ристеска со песната “Нинанајна” со која не донесе до 12-то место, до сега најдобриот пласман на нашата држава во изборот за песна на Евровизија.

2007 година Каролина Гочева повторно ја претставуваше нашата држава. Настапи со песната “Мојот свет” и го освои 14-то место.


2008 година не претставија Тамара, Врчак и Адриан со песната “Let Me Love You” , но не се пласираа во финале.

2009 година учествувaше рок дуото – браќата Мартин и Стефан Филиповски од групата Next Time со песната “Нешто што ќе остане” кои исто така не се пласираа во финале.

2010 година настапија Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Пејчин со песната “Јас ја имам силата” – не се пласираа во финале.

2011 година настапи Влатко Илиевски со песната “Русинка” кој исто така не се пласираше во финале.

2012 година Калиопи настапи на Евровизија и го освои 13-то место со песната “Црно и бело”.



 2013 година Есма и Лозано настапија заедно. Ја претставуваа нашата држава со песната “Пред да се раздени” но, не успејаа да обезбедат пласман во финале

2014 година настапи Тијана со песната “To the Sky” која исто така не се пласираше во финале како и Даниел Кајмаковски во 2015 година кој ја отпеа “Autumn Leaves”, но и Калиопи која повторно настапуваше на Eвровизија во 2016 година со песната “Dona”.

2018 Евровизија во Украина не претстави Јана Бурческа со песната “Dance Alone” .

  


2020 Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија. За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен избор.

 Васил, огласи на социјалните мрежи:

"Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест!

Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал – Евросонг во Ротердам.

Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.

Oсобено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!

Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ!

Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам“-напиша тој."
  


Ни преостанува да му посакаме многу среќа и успех.



Sunday, March 1, 2020

Прочка 2020, ден за проштавање!

Прочка е ден за проштавање и помирување: "Простете ни ако сме Ви згрешиле, од Бога и од нас се Ви е простено“


Прочка е празник чие постоење и значење се губат во годините пред христијанството, кога луѓето живееле во еден мрачен и тежок период, опкружени со страв и неспокој.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити.

Прочка секогаш се паѓа во недела. На тој ден сите домашни се облекуваат со нови алишта, одат во црква на утрена. Многу често на овој ден се облекувале и народни носии и со нив се парадирало низ град. Особено децата биле облекувани и фотографирани во носии.

На Прочка било обичај помладите да се преоблекуваат и да ставаат маски, да се „ маскираат“.

На прочка се служи баклава и кадаиф . На бебињата им се ставало варено јајце во пелените. На масата се служела леблебија и расолница.

Прочка е празник на помирување и простување. Се простуваат Небото и Земјата. Скараните се простуваат, луѓето се помируваат меѓусебно. Сите се весели и среќни на тој ден.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара со „простено да ти е од мене и од Бога“. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајце.



Што е тоа "амкање јајца"?

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Во велешките куќи секогаш на гредите се ставале куки на кои се врзувале лулки за деца, или како во овој случај конец за амкање јајца.

Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласувало за најсреќно во следната година и добивало награда.


Денот по Прочка е Чисти понеделник кога почнува големиот велигденски пост.

На тој ден се оди пешки до Башино село на бел грав со растриени суви чушки и варена царевка. Тој ден е празник за селото.

На овој ден се чисти целата куќа. Се перат алишта, се вријат садовите од нечистотија, а благото кое останало се скрива, бидејќи почнуваат постите до празникот ,,Тодорица`` .

Традициите да се знаат и почитуваат, а Прочка е традиција постара можеби и од христијанството; пагански обичај кој народот не го заборавил до денес.

Но, за нештата да не се заборават треба да се повторуваат, за помладите генерации да ги научат и практикуваат. Многу ни фалат преправените прочкари по улиците и сокаците. На тој начин се сочувува традицијата, се негува битот и се стекнуваат морални навики, особено кај младите.

Најдобрата поука од овој празник е тоа дека треба да научиме да проштаваме !! Тоа е доблест што се учи и морална навика која ни недостига во ова време. Да за- почнеме на Прочка да проштаваме и да ни биде простено од луѓето и од Бога !

Честит празник и проштавајте ако сме Ви згрешиле. Од Бога и од нас се Ви е простено!