Nashemaalo

Sunday, July 13, 2014

"Галичка свадба" Мијаците

Една од најстарите културно-туристички манифестации во Македонија,
"Галичка свадба" Мијаците

Свадбата која започна со китење, истакнување на бајракот и три истрели во воздух, се одржува во летниот Петровден, започнува навечер и другиот ден свадбата и Тешкото  завршува денеска со венчавањето на младите во 13 часот.

Галичката свадба привлекува голем број на туристи, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е покровител на манифестацијата, добро е што е заштитена оваа манифестација
од Државата за век и векови.

Свадбата изобилуваше со свадбени ритуали кои се дел од традицијата и заштитен знак низ вековите.

Меѓу покарактеристичните обичаи се и „носењето на невестата на вода“, канењето на мртвите“,бричењето на зетот“, земањето на невестата“, замесувањето на лебот !
 
Музиката и танцот, како најапстрактни уметнички видови ослободени од обична содржина, се најподатни за да ја овозможат појавата на битието. Тоа се случува во Тешкото и во сите македонски танци што се нарекуваат тешки.
 
Во Тешкото имаме експлозија на битието, како присуство и постојност. Го имаме јасно покажано сето она што Хајдегер го вели за суштината на човекот. Човекот се наоѓа во битието, но и врши насилство врз него, сака да го собере и потоа да го пушти во некоја отвореност, во уметност. Уметноста ја покажува слободата што ја досега човекот борејќи се со битието. Ги пречекорува границите на земното во насока на неземното, во насока на она што плаши и расплакува. Тешкото нé соочува со нас самите, со страдањето коешто е услов духот да не заспие, да не се заборави себеси во битието што нé надвладува.
 
Тешкото е како почеток, како излез во историјата, како во него да е збрано сето дотогашно искуство на Македонецот, за да може да експлодира во таква екстаза. Со Тешкото Македонецот ја отвора историјата, за да се доведе себеси до себе, за да се појави, да се воспостави.

                                                     
Teshkoto MijaciUmetnik TC e poznata vo tvorenje 40t god od Makedonija shirum Svetot 

Sunday, September 15, 2013

Месец Септември

 КУЛТУРНИ НАСТАНИ

Месец Септември е еден од најубавите месеци на годината, полн со изведви и настани, така да и нашите иселеници ни приредија домакински настап.

Cе оджра и "Фyд Фестивалот во малата Црква Ст Никола во Тотова Њу Џерси". Ова е 4 та година по ред, во организација на Црквата и сите кои присуствуваа на овој фестивал допридонесоја голем успех за донација на цркватва.
Скари, кебапи, Македонски јадења, благодарение на управниот одбор вонглавно со добра Македонска музика од 14 и 15 Септември 2013 поминаа во најдобар ред.


 
 
 
Sliki od Nashemaalo (copyrights)

Месец Октомври повод Американскиот празник "Халловеен" денот на вештерките.