Nashemaalo

Monday, December 18, 2023

Свети Никола 2023

Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος) или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски — се смета за заштитник на морињата. 

На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архијерејска одежда.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многупати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како „Господар на морето“. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите Турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.

Свети Никола

Во Република Македонија, празникот Свети Никола се слави на 19 декември и на 22 мај како Свети Никола Летни.

Saturday, December 16, 2023

Св. Варвара

Св. Варвара во некои делови од земјата се верува дека каков ќе ти биде денот, таква ќе ти биде годината.

Sv varvara

Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесна нога”, поради што покануваат луѓе кои се сметаат за среќни, први да дојдат наутро и да бидат полезници, за претстојната година да биде среќна.

Верување меѓу народот е дека не се оди никаде на гости на овој ден, дома се седело. Се верува дека денес кој прв ќе ти влезе дома таква ќе ти е годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет.

На овој ден се подготвува пченка за варење. Пченка, пченица, грав и грашок се готват во "вариа" - претежно зрна, кои се готват на тивок оган. Јадењето се нарекува и „савица“ затоа што се јаде следниот ден, на празникот на Свети Сава осветен.

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот вистински Бог и Создател, иако немаше никого од луѓето за учител во тоа. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господа Христа. Таа нареди да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацрта со прстот крст и крстот се вдлаби во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избиваше извор со вода којашто подоцна на мнозина им донесе исцеление од болестите. Кога дозна Диоскор за верата на својата ќерка, сурово ја биеше, ја протера од кулата и ја гонеше за да ја убие. Карпата се отвори и ја скри Вравара од суровиот татко. Кога му се јави повторно, татко ѝ ја однесе пред началникот Мартијан, на кого што му ја предаде за мачење. Невината Варвара ја расоблекоа и ја биеја, додека целото тело не ѝ го прекрија во рани и крв. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ со Ангели и ја исцели. Кога го виде тоа една жена Јулијана и самата посака мачеништво. Обете беа ужасно мачени и со исмевање ги водеа по градот. Им ги отсекоа градите и од нив истече многу крв. Најпосле ги изведоа на губилиште, каде што таткото самиот си ја закла ќерката, а војниците ја заклаа Јулијана. Истиот тој ден удри гром во куќата на Диоскор и ги уби него и Мартијан. Света Варвара пострада во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, света Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

Исто така, денес луѓето избегнуваат одење на гости, затоа што се верува дека кој прв ќе ве „полази“ таква ќе ви биде годината.

Thursday, December 7, 2023

Денеска е Св. великомаченица Екатерина

Денеска е Св. великомаченица Екатерина


Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Ikona


Света великомаченица Катерина

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија. Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството. Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година. Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.

Во Гевгелиско Св. Катерина не се празнувала на 24 туку следниот ден на 25 ноември (с.с.) и се сметала за другарка на св. Варвара.

Monday, December 4, 2023

Пресвета Богородица – Пречиста

Денес (Декeмвpи чeтвpти) се одбележува празникот Пресвета Богородица – Пречиста.  Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.



Bоведение во Xрам

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста) 4.XII/21.XI.  Празник на воспитувањето

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на својата вера, но и за одбрана од негативните пороци коишто ја уништуваат нашата младина.

Денешниот празник Воведение на Пресвета Богородица во храмот што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби. Овој празник, исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.

Сведоштва за овој празник (како и за некои други моменти од животот на Богородица) се среќаваат само во црковните песни и кај некои писатели на дела со црковна содржина. Праведните Јоаким и Ана, се вели во овие сведоштва, долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога ја повеле во храмот.

Monday, September 11, 2023

Отсекување на главата на Св. Јован

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 Xристијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.

Овој празник е познат под различни имиња како:Св.Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св.Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.


Велешко
Во регионот на Велес овој празник се нарекува „Црн свети Јован“ и на него, како и низ сите денови од седмицата не се крое и шие никаква облека, бидејќи се сметало дека кој ќе ги облече ќе биде погоден од несреќи (ќе се намери).


Гевгелиско
Овој празник е познат како Св. Јуван Посни и го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден, свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото, домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.


#svetijovan
🙏🏻