Nashemaalo

Thursday, March 12, 2026

Изложба на ИТА ТC АРТИСТ во Прилеп

11.03.2026 -- Синоќа во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложба на македонско-американската уметница ИТА ТЦ АРТИСТ, со што се одбележуваат 35 години нејзина професионална уметничка кариера.

Прилепчанката започнала да црта уште во раните години, а професионално се занимава со уметност од 1990 година. Со 40 години посветеност на уметноста и 35 години професионален труд, таа изгради меѓународна кариера и се докажа на светската сцена. Таа е вистински патриот и амбасадор на Македонија и на својот роден град Прилеп.


По студиите на Art and Design College во Велика Британија, таа ја започнува својата меѓународна кариера во модната индустрија. Работела како шминкерка на модни ревии за светски познати дизајнери, меѓу кои и Alexander McQueen, на Лондонската модна недела. Подоцна своето образование го надградува и на FIT College во Њујорк, каде студира моден дизајн и илустрација и станува една од првите со титула Celebs Makeup Artist.

Покрај модата и уметноста, ИТА ТЦ АРТИСТ изгради и успешна кариера како спортски новинар и фотограф. Таа била кошаркарка, играла во Англија и истовремено студирала. Стана една од првите Македонки кои известуваат од најголемите светски спортски натпревари како NBA, FIFA, UEFA, Premier League, Bundesliga и FFM.

Нејзината уметност е инспирирана од светот на спортот. Таа има создадено портрети со кои им оддава почит на врвни светски фудбалери и кошаркари.

Освен професионалните достигнувања, ИТА ТЦ АРТИСТ е позната и по својата хуманитарна работа. Таа организирала бројни хуманитарни настани за помош на деца и семејства во потреба, а за време на пандемијата донирала уметнички дела за Food Bank, како и принтови од својот арт за Mount Sinai Кардиологија, со што дала поддршка и мотивација на медицинскиот персонал.

Изложбата во Прилеп претставува дел од нејзиното долгогодишно творештво и ја одбележува значајната јубилејна годишнина од нејзината професионална кариера.

Со оваа изложба, Прилеп повторно се гордее со својата уметница која со својата работа, талент и хуманост.



















 Македонија на светската културна сцена co Iтa Apт.