Nashemaalo

Friday, March 9, 2018

Од кога се одбележува 8-ми Март?

Меѓународен ден на жената – 8-ми Март

Во Македонија и во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8- ми Март. На овој ден се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Од кога се одбележува 8-ми Март?

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Art na Nashemaalo